Втзакон. (5 Moj.) 27:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тогаш левитите нека го преземат зборот и нека им речат со силен глас на сите Израелци:

15. ‘Проклет да биде кој ќе направи леан или делкан лик - гнасна работа пред Господа, дело на ракотворец, па иако го стави на скришно место.’ И сиот народ нека одговори: ‘Амин!’

16. ‘Проклет да биде, кој ги навредува татка си и мајка си!’ И сиот народ да рече: ‘Амин!’

17. ‘Проклет да биде кој ќе го помести меѓникот на соседот!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’

18. ‘Проклет да биде, кој ќе го заведе слепецот од патот!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’

19. ‘Проклет да биде, кој би им ја извртел правдата на придојденик сирачето или вдовицата!’ И сиот народ нека рече: ‘Амин!’

Втзакон. (5 Moj.) 27