Втзакон. (5 Moj.) 25:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. неговата снаа нека пристапи кон него, пред очите на старешините, па нека му ја извади обувката од ногата, нека му плукне во лицето и нека ги рече овие зборови: ‘Вака му се прави на човек, кој не сака да го подигне домот на својот брат!’

10. Тој нека биде наречен во Израел: „Дом на босиот.”

11. Ако двајца се степат, па жената на едниот тргне да го избави својот маж од рацете на оној кој го бие, и таа ја испружи својата рака и го фати оној за срамниот член,

12. отсечи и ја раката, и нека не ја сожалува твоето око.

13. Не носи двоен тег во торбата, поголем и помал.

14. Во својата куќа пак не држи двојна ефа: поголема и помала.

Втзакон. (5 Moj.) 25