Втзакон. (5 Moj.) 24:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Кога жниеш жито на својата нива па заборавиш некој сноп на нивата, не се враќај по него; нека остане на придојденикот, на сирачето и на вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во секој потфат на твоите раце.

20. Кога еднаш ќе ги исчукаш своите маслинки, не пребарувај веќе зад себе; нека им остане тоа на туѓинецот, на сирачето и на вдовицата.

21. Кога ќе го обереш своето лозје, не дособерувај го зад себе; нека им биде тоа на придојденикот, на сирачето и на вдовицата.

22. Спомни си како беше роб во Египетската Земја; затоа ти заповедам да ја вршиш оваа повелба.”

Втзакон. (5 Moj.) 24