Втзакон. (5 Moj.) 21:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. тогаш, кога ќе дојде денот да го подели својот имот меѓу своите синови, не смее да постапи кон првороденецот од возљубената на штета на синот од немилата, кој е првенец,

17. туку треба да го признае за првороденец синот на невозљубената и да му даде нему двоен дел од сè што има. Зашто тој е првина на неговата сила - нему му припаѓа правото на првородството.”

18. „Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат -

19. неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место,

Втзакон. (5 Moj.) 21