Втзакон. (5 Moj.) 21:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Ако во земјата што ти ја дава Господ, твојот Бог, за да ја земеш во сопственост, се најде некој убиен како лежи во полето - а не се знае кој го убил -

2. тогаш нека отидат твоите старешини и судии и нека ја измерат оддалеченоста од убиениот до градовите наоколу.

3. Така ќе утврдат кој град е најблизу до убиениот. Тогаш старешините на тој град нека земат јуница што уште не работела: што уште не влекла под јарем.

4. Потоа старешините на оној град нека ја отераат јуницата во некој непресушлив поток, на место што не се обработува и што не се сее, и таму, при потокот, нека ја заколат јуницата.

Втзакон. (5 Moj.) 21