8. Така, своите браќа, Исавовите потомци, кои живеат во Сир, ги заобиколивме по патот што води во Араб, Елат и во Есион-Гавер, а тогаш се запативме кон Моавската Пустина.
9. Тогаш Господ ми рече: ‘Не ги вознемирувај Моавците ниту војувај со нив, зашто ништо од нивната земја нема да ти дадам во твое наследство: на Лотовите синови им го предадов Ар во сопственост.’
10. (Порано таму живееја Омините. Беше тоа силен и броен народ; со крупен раст како и Енаковците.
11. Како Енаковците, и нив ги сметаат за Енакимци, ама Моавците ги наречуваат Емими.
12. Исто така во Сир живееја порано Хорејците, ама Исавовите потомци ги истераа, ги истребија, и се населија на нивното место, како што направи и Израел со земјата - со своето наследство - што Господ му ја предаде.)
13. ‘А сега станете и преминете преку потокот Заред!’ И поминавме преку потокот Заред.
14. Времето што го поминавме одејќи од Кадис-Варниј па додека поминавме преку потокот Заред, изнесуваше триесет и осум години - сè додека не изумре во логорот сето она поколение на луѓето способни за борба, како што Господ и им се заколна.
15. И навистина! Господовата рака беше против нив: ги истребуваше од средината на логорот додека ги снема.”
16. „И така, кога смртта ги истреби од народот сите луѓе способни за борба,