Втзакон. (5 Moj.) 2:26-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. „Тогаш испратив, од пустината Кедемот, гласници при есевонскиот цар Сион со мирољубиви зборови:

27. ‘Пушти ме да поминеме преку твојата земја. Само ќе поминам по патот, не свртувајќи ни десно ни лево.

28. Продај ми храна за сребреници за да можам да јадам; и вода за пиење давај ми за сребреници. Пушти ме само да поминам пеш,

29. да поминам преку Јордан во земјата што ни ја дава Господ, нашиот Бог - како што ми дозволија Исавовите потомци, настанети во Сир, и Моавците, кои живеат во Ар.’

30. Ама есевонскиот цар Сион не сакаше да нè пушти преку своето; зашто Господ, твојот Бог, му го заслепи духот, а срцето му го закорави, за да го предаде во твоите раце.

31. Тогаш Господ ми рече: ‘Ете почнав да ти ги предавам Сион и неговата земја. Почни со освојувањето за да загосподариш со неговата земја.’

32. Сион нè пресретна при Јаса.

Втзакон. (5 Moj.) 2