Втзакон. (5 Moj.) 2:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. ‘А сега станете и преминете преку потокот Заред!’ И поминавме преку потокот Заред.

14. Времето што го поминавме одејќи од Кадис-Варниј па додека поминавме преку потокот Заред, изнесуваше триесет и осум години - сè додека не изумре во логорот сето она поколение на луѓето способни за борба, како што Господ и им се заколна.

15. И навистина! Господовата рака беше против нив: ги истребуваше од средината на логорот додека ги снема.”

16. „И така, кога смртта ги истреби од народот сите луѓе способни за борба,

Втзакон. (5 Moj.) 2