Втзакон. (5 Moj.) 2:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Тогаш се свртивме и тргнавме во пустината кон Црвеното Море, како што ми нареди Господ. Долго се вртевме околу гората Сир.

2. И Господ ми рече:

3. ‘Доста се вртевте околу оваа гора. Завртете кон север!

4. И на народот наложи му вака: „Сега ќе поминете преку подрачјето на своите браќа, Исавовите потомци, кои живеат во Сир. Тие се бојат од вас; ама и вие припазете добро;

5. не зафаќајте бој со нив, зашто нема да ви дадам ни стапка од нивната земја: гората Сир му ја дадов на Исава во наследство.

6. Купувајте од нив храна, со платежни средства, за да имате што да јадете; и водата за пиење купувајте ја од нив со платежни средства.

Втзакон. (5 Moj.) 2