Втзакон. (5 Moj.) 19:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Кога Господ, твојот Бог, ги истреби народите чија земја ти ја дава тебе, па кога ги истераш и се населиш во нивните градови и домови,

2. во земјата што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, оддели три града.

3. Направи пат натаму, а тогаш подрачјето на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, подели го на три, така да може секој убиец да пребега таму.

4. Ова е случај во кој убиецот може да пребега таму и да го спаси својот живот: кога некој го убие својот ближен неволно, а да не го мразел пред тоа;

5. пример: кога ќе отиде со својот ближен во гората да сече дрва, па замавне со секирата во раката за да го кутне дрвото, железото летнува од дршката и го погаѓа неговиот другар, па тој загинува: таквиот убиец нека пребега во еден од тие градови, и ќе го спаси животот.

6. Инаку крвниот одмаздник, гонејќи го во својот бес убиецот кога патот би бил предолг - би можел да го стигне гонетиот и да го погуби, иако тој не заслужил смрт, бидејќи не го мразеше отпорано убиениот.

7. Затоа ти наредувам оддвои три града!

8. А кога Господ, твојот Бог, го прошири твоето подрачје, како што им се заколна на твоите татковци, и ти ја даде целата земја која им ја вети на твоите татковци,

9. и ако ги пазиш и вршиш сите овие заповеди што ти ги заповедав денес, и Го љубиш Господа, својот Бог, и одиш по Неговите патишта за сето време - тогаш кон овие градови додај уште три града:

10. така не ќе се пролева невина крв во твојата земја која ти ја дава Господ во наследство, и не ќе се извалкаш со крв.”

11. „Но ако некој го мрази својот ближен и го дебне, скокне на него и го убие, а потоа избега во еден од тие градови,

12. тогаш старешините на оној град нека го изведат убиецот и нека го предадат во рацете на крвниот одмаздник за да го погуби.

13. Твоето око нека не го сожалува! Така, во Израел, ќе го искорениш пролевањето на невина крв, и ќе бидеш среќен.”

Втзакон. (5 Moj.) 19