Втзакон. (5 Moj.) 16:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Како Пасха во чест на Господа, својот Бог, жртвувај од ситниот и крупниот добиток во местото што Господ ќе го избере за да го настани во него Своето Име.

3. Ништо со квас не јади со неа; туку седум денови јади бесквасен леб - леб на огорчение - бидејќи набрзина излезе од Египетската Земја: за да си спомнуваш во текот на целиот свој век за денот кога излезе од Египетската Земја.

4. Седум денови нека не се гледа кај тебе квас на целото твое подрачје, и ништо од месото на жртвата што ќе ја заколеш навечер не смее да остане преку ноќта до утрото.

5. Не е дозволено да се жртвува Пасхата во кој и да е град што ќе ти го даде Господ, твојот Бог,

Втзакон. (5 Moj.) 16