Втзакон. (5 Moj.) 15:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Чувај се да не ти се зароди во срцето опака мисла па да речеш: ‘Седмата година, година на проштавање на долговите, веќе наближува,’ и да не погледаш со лошо око на својот сиромашен брат и да не му дадеш ништо. Тој би Го повикал Господа против тебе, и гревот ќе биде на тебе.

10. Давај му со задоволство, а не срцето да ти биде нерасположено кога му даваш, зашто заради тоа ќе те благословува Господ, твојот Бог, во секоја твоја работа и во секој потфат на твоите раце.

11. Бидејќи бедните никогаш не ќе ги снема од земјата, ти заповедам: отвори ја ширум својата рака за својот брат, за својот беден и за оној што има потреба во твојата земја.”

12. „Ако ти се продаде тебе твојот брат - Евреин или Еврејка - нека ти служи шест години, а на седмата година пушти го слободен од кај себе.

13. Кога ќе го пуштиш слободен од при себеси, не испраќај го со празни раце.

Втзакон. (5 Moj.) 15