Втзакон. (5 Moj.) 14:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А од сè, што живее во водата ова можете да јадете: сè што има лушпи и перки, можете да јадете.

10. А што нема лушпи и перки не смеете да јадете. Тоа нека биде нечисто за вас.

11. Секоја чиста птица можете да ја јадете.

12. Ама овие не смеете да ги јадете: орелот-стрвник и јастребот,

13. дивата кокошка, соколот од кој и да е вид;

14. гавранот од било кој вид;

15. нојот, јастребот кокошкар, галебот ни крагујот од било кој вид;

16. бувот, утот и лебедот;

17. неситот, белиот стрвинар и нуркачот;

18. штркот, чапјата од било кој вид; пупунчето и лилјакот.

Втзакон. (5 Moj.) 14