Втзакон. (5 Moj.) 14:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. А свињата, иако има раздвоени копита, не прежива; нека биде нечиста за вас. Не јадете од нејзиното месо ниту допирајте ја нејзината мрша.

9. А од сè, што живее во водата ова можете да јадете: сè што има лушпи и перки, можете да јадете.

10. А што нема лушпи и перки не смеете да јадете. Тоа нека биде нечисто за вас.

11. Секоја чиста птица можете да ја јадете.

12. Ама овие не смеете да ги јадете: орелот-стрвник и јастребот,

Втзакон. (5 Moj.) 14