Втзакон. (5 Moj.) 14:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Па ти си народ посветен на Господа, својот Бог; Господ те избра тебе меѓу сите народи на земјата за да бидеш Негов народ, Негова сопственост.

3. Не јадете ништо нечисто.

4. Ова се животните што можете да ги јадете: волот, овцата, козата,

5. еленот, срната, срнчето, козорогот, антилопата, биволот и дивата коза;

6. можете да го јадете секое животно што има раздвоени копита - сосем раздвоени надве - и што прежива.

7. Од преживарите или од животните со раздвоени копита само овие не смеете да ги јадете: камилата, зајакот и питомиот зајак. Имено, па иако преживаат немаат раздвоени копита, нека бидат нечисти за вас.

8. А свињата, иако има раздвоени копита, не прежива; нека биде нечиста за вас. Не јадете од нејзиното месо ниту допирајте ја нејзината мрша.

9. А од сè, што живее во водата ова можете да јадете: сè што има лушпи и перки, можете да јадете.

10. А што нема лушпи и перки не смеете да јадете. Тоа нека биде нечисто за вас.

11. Секоја чиста птица можете да ја јадете.

12. Ама овие не смеете да ги јадете: орелот-стрвник и јастребот,

13. дивата кокошка, соколот од кој и да е вид;

Втзакон. (5 Moj.) 14