Втзакон. (5 Moj.) 13:17-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Од она што беше предадено на проклетство нека ништо не се прилепи за твојата рака, за да се откаже Господ од жестокоста на Својот гнев; за да ти искаже милосрдие, да ти се смилува и да те размножи, како што им се заколна на твоите татковци,

18. ако ти го слушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги сите Негови заповеди, што ти ги наредувам денес, и вршејќи што е право во очите на Господа, твојот Бог.”

Втзакон. (5 Moj.) 13