Втзакон. (5 Moj.) 12:30-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. чувај се да не паднеш во стапица; не тргнувај по нив откако ќе бидат уништени пред тебе. Не распрашувај се за нивните богови и не зборувај: ‘Како што оние народи ги почитуваа своите богови, така ќе направам и јас.’

31. Не постапувај така кон Господа, својот Бог. Па на Господа Му е гнасно и замразено сè она што тие им правеа на своите богови. Зашто ги изгоруваа своите синови и ќерки во чест на своите богови.

32. Пазете сè што ви наредувам; не додавај му ништо на тоа и не одземај му ништо.”

Втзакон. (5 Moj.) 12