Втзакон. (5 Moj.) 10:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. да ги пазиш Господовите заповеди и Неговите закони што ти ги давам денес за твое добро.

14. Еве, на Господа, твојот Бог, Му припаѓаат небото, и небото над небесата, земјата, и сè што е на неа.

15. Ама на Господа само вашите татковци му омилеа, и после нив ве избра вас, нивните потомци, меѓу сите народи, како што е и денес.

16. Обрежете го своето срце; не го коравете веќе вратот!

17. Зашто Господ, вашиот Бог, е Бог над боговите, Господар над господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не е пристрасен и не се поткупува;

18. им дава правда на сиракот и на вдовицата; го љуби придојденикот, му дава храна и облека.

Втзакон. (5 Moj.) 10