Втзакон. (5 Moj.) 10:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. „И така, Израеле, што бара Господ, твојот Бог, од тебе? Само тоа да се боиш од Господа, својот Бог, да одиш по сите Негови патишта; да Го љубиш и да Му служиш на Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа;

13. да ги пазиш Господовите заповеди и Неговите закони што ти ги давам денес за твое добро.

14. Еве, на Господа, твојот Бог, Му припаѓаат небото, и небото над небесата, земјата, и сè што е на неа.

15. Ама на Господа само вашите татковци му омилеа, и после нив ве избра вас, нивните потомци, меѓу сите народи, како што е и денес.

16. Обрежете го своето срце; не го коравете веќе вратот!

Втзакон. (5 Moj.) 10