Тит 3:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Кога ќе ги пратам при тебе Артема или Тихик, побрзај да дојдеш при мене во Никопол, зашто решив да презимувам таму!

13. Грижливо снабди ги за пат правникот Зина и Аполос, за да имаат сè што им треба!

14. Но и нашите да се учат да бидат први во добрите дела, каде што е тоа неопходно потребно, за да не бидат без плод.

15. Те поздравуваат сите, кои се со мене. Поздрави ги оние, кои нè љубат во верата. Благодатта со сите вас. Амин!

Тит 3