Тит 1:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. кој се држи цврсто за верното слово, согласно со науката, за да може и да опоменува во здравата наука и да ги изобличува оние кои се противат.

10. Имено, има многу непокорни, празнословци и измамници, особено од обрезаните,

11. на кои треба да им се затвори устата, зашто тие заради срамна печалба растураат цели домови, учејќи го она што не треба.

12. Еден од нив, нивен сопствен пророк, има речено: „Критјаните се секогаш лажливи, зли ѕверови, мрзливи трбуси!”

13. Ова сведоштво е вистинско. Затоа изобличи ги строго, за да бидат здрави во верата,

Тит 1