Судии 7:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Во онаа ноќ Господ му рече: „Стани, нападни го логорот, зашто ти го предавам во рацете.

10. Ако се боиш да нападнеш, најнапред слези во логорот со твојот слуга Фура;

11. слушај што зборуваат; ќе се охрабриш и ќе го нападнеш логорот.” Тој слезе со својот слуга Фура до првите стражари на логорот.

12. Мадијамците, Амаликците и сите синови на Исток се расположија по долината, многубројни како скакулци; безбројни беа нивните камили, како песок на брегот на морето.

Судии 7