Судии 7:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Порани Јеровал, односно Гедеон, и сиот народ што беше со него, и се влогорија кај изворот Арод, а логорот на Мадијамците се наоѓаше на север од неговиот, во подножјето на брегот Море, во долината.

2. Тогаш Господ му рече на Гедеона: „Премногу народ е со тебе, а за да ги предадам Мадијамците во нивните раце, зашто Израел би можел да се возгордее пред Мене и да рече: ‘Сопствената рака ме избави.’

3. Затоа разгласи за да чуе народот: ‘Кој се бои и стравува, нека се врати од Галадската Гора.’” Гедеон ги испита: дваесет и две илјади луѓе од народот се вратија, а останаа десет илјади.

Судии 7