Судии 6:3-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И кога Израелците ќе посееја, Мадијамците и Амаличаните и синовите на Исток доаѓаа против нив.

4. Откако ќе се настанеа на нивната земја, го уништуваа родот на земјата сè до Газа. Не му оставаа на Израел за да се прехрани ни овца ни коза, ни вол ни осле,

5. зашто доаѓаа со своите стада и со своите шатори во толкаво множество како скакулци; и тие и нивните камили беа безбројни; и одеа по Израелевата Земја за да ја запустат.

Судии 6