Судии 5:26-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Со левата рака посегна по колот, а со десната по ковачкиот чук. Го удри Сисара, му ја расцепи главата, му ја продупчи, му ја скрши слепоочницата.

27. падна до нозете, се одвали, легна, и падна до нозете, се сруши; и каде падна, остана мртов.”

28. ”Низ прозорец гледа Сисарината мајка, низ прозорец наѕира, до решетката вика: ‘Колесницата не му се враќа долго: зошто им е толку бавна запрегата?’

29. Најмудрата дворјанка и зборува, сама себе си одговара:

30. ’Плен најдоа па го делат: по девица на војник, по девица и по две, пленета разнобојна облека за Сисара, везена од двете страни, симната од плеќи на пленик!’”

31. ”Господи, така нека гинат сите Твои непријатели! А оние кои Те љубат нека бидат, како сонце, кога изгрева со сета своја сила!”

Судии 5