25. Тој побара вода, таа му даде млеко, во скапоцена чинија му даде кравја маст.
26. Со левата рака посегна по колот, а со десната по ковачкиот чук. Го удри Сисара, му ја расцепи главата, му ја продупчи, му ја скрши слепоочницата.
27. падна до нозете, се одвали, легна, и падна до нозете, се сруши; и каде падна, остана мртов.”
28. ”Низ прозорец гледа Сисарината мајка, низ прозорец наѕира, до решетката вика: ‘Колесницата не му се враќа долго: зошто им е толку бавна запрегата?’
29. Најмудрата дворјанка и зборува, сама себе си одговара: