Судии 21:5-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тогаш Израелците прашаа: „Има ли некое од сите Израелеви племиња што не дошло на собирот при Господа?” Зашто свечено се заколнаа дека ќе го погубат оној, кој не ќе дојде во Миспа при Господа.

6. На Израелците им се сожали за братот Венијамин, та рекоа: „Денес е откинато едно племе од Израел.

7. Како ќе им дадеме жени на оние кои останаа, кога Му се заколнавме на Господа дека не ќе им даваме свои ќерки за жени?”

8. Затоа прашаа: „Има ли некој од Израелевите племиња што не дошол при Господа во Миспа?” И се покажа дека никој од жителите на Јавис Галадски не дојде во логорот, на собирот.

9. Зашто кога народот се преброи, таму немаше никого од жителите на Галадски Јавис.

10. Затоа заедницата испрати таму дванаесет илјади храбри луѓе и им заповеда: „Идете и исечете ги со остри мечеви жителите на Галадски Јавис, заедно со жените и децата.

11. Еве што ќе направите: ќе ги предадете на проклето погубување сите мажи и сите жени, кои делеле постела со маж, но ќе го запазите животот на девиците.” Така и направија.

12. И најдоа меѓу жителите на Јавис во Галад четири стотини млади девојки, кои не делеле постела со маж, и ги доведоа во логорот во Сило, што е во Ханаан.

13. Тогаш сето општество им испрати пратеници на Венијаминовите синови, кои беа на Римонската Стена: им објавија мир.

14. Така се созеде Венијамин. Им ги дадоа оние од жените, од Галадски Јавис, кои ги оставија во живот, но не ги имаше достатно за сите.

Судии 21