16. ”Како ќе им најдеме жени на оние што останаа - рекоа старешините на општеството - зашто се истребени жените на Венијамин?”
17. И рекоа: „Како да биде запазен остатокот на Венијамина, за да не биде сотрено едно племе од Израел?
18. А не можеме да им ги дадеме нашите ќерки за жени.” Зашто се беа заколнале, велејќи: „Проклет да биде оној кој ќе му даде жена на Венијамин!”
19. ”Но - рекоа - Господов празник се слави секоја година во Сило.” Градот се наоѓа северно од Ветил, источно од патот што води од Ветил во Сихем и јужно од Левона.
20. И затоа ги посоветуваа Венијаминците: „Отидете во заседа по лозјата.
21. Внимавајте, па кога девојките од Сило ќе излезат да играат во танец, вие излезете од лозјата, грабнете си секој за себе жена од силоските ќерки па одете си во Венијаминовата Земја.