Судии 21:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израелевите луѓе се заколнаа вака во Миспа: „Никој од нас не ќе даде своја ќерка за жена на Венијаминов син.”

2. И народот отиде во Ветил и остана таму пред Господа до вечерта, тажејќи и плачејќи.

3. Зборуваа: „Зошто, о Господи, Израелев Боже, требаше да се случи оваа несреќа, за да му снема денес едно племе на Израел?”

4. Утреден луѓето поранија и изградија таму жртвеник; принесоа паленици и помирителни жртви.

Судии 21