Судии 2:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Тогаш Господ пламна со гнев против Израел и рече: „Затоа што овој народ го престапи Мојот Завет, што Јас го воспоставив со нивните татковци, и не го послушаа Мојот глас,

21. ни Јас отсега нема да изгонам пред нив ниеден од народите што Исус ги остави по својата смрт,” -

22. за да го стави со нив на искушение Израел: дали ќе ги пазат или не Господовите патишта, како што ги пазеа нивните татковци.

23. Затоа Господ ги остави тие народи, и не ги изгони веднаш ниту ги предаде во рацете на Исуса.

Судии 2