Судии 18:23-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Кога почнаа да викаат по Дановите синови, тие се обѕрнаа и му рекоа на Миха: „Што ти е? Што се собравте?”

24. Тој одговори: „Ми го зедовте богот, кого што си го направив за себе и свештеникот па си отидовте. А што ми останува мене! И уште велите: ‘Што ти е?’”

25. Дановите синови му одговорија: „Да не те чуеме веќе! Зашто гневни луѓе можат да удрат на вас, па ќе ги упропастиш себеси и својата куќа!”

Судии 18