17. оние петмина, кои отидоа да ја извидат земјата, влегоа, ги зедоа наплеќникот, терафимот и леаниот кип, а свештеникот стоеше на прагот покрај шест стотини вооружени луѓе.
18. Кога влегоа во Михината куќа и ги зедоа наплеќникот, терафимот и леаниот кип, свештеникот им рече: „Што правите?”
19. ”Молчи - му одговорија. - Стави ја раката на уста и дојди со нас. Ќе ни бидеш татко и свештеник. Зар ти е подобро да бидеш свештеник во куќата на еден човек, отколку да бидеш свештеник на едно племе и род во Израел?”
20. Свештеникот се зарадува; тој ги зеде наплеќникот, терафимот и режаниот и леан кип па отиде со луѓето.
21. Се вратија на патот по кој што тргнаа, отидоа откако ги пуштија напред жените и децата, добитокот и скапоценостите.
22. Веќе беа далеку од Михината куќа, кога ете луѓето, кои живееја во соседните куќи, до Михината, се узбунија и тргнаа во потера по Дановците.
23. Кога почнаа да викаат по Дановите синови, тие се обѕрнаа и му рекоа на Миха: „Што ти е? Што се собравте?”
24. Тој одговори: „Ми го зедовте богот, кого што си го направив за себе и свештеникот па си отидовте. А што ми останува мене! И уште велите: ‘Што ти е?’”
25. Дановите синови му одговорија: „Да не те чуеме веќе! Зашто гневни луѓе можат да удрат на вас, па ќе ги упропастиш себеси и својата куќа!”
26. Дановите синови отидоа натаму, а Миха, гледајќи дека се посилни од него, се заврте и се врати дома.
27. И така, откако ги зедоа: богот што го имаше направено Миха и свештеникот, кого го глави за да му служи, Дановите синови удрија против Лаис, на мирни и спокојни луѓе, па ги исекоа со остар меч и го спалија градот.
28. Немаше некој да им помогне на лаисците, зашто беа далеку од Сидон и немаа никакви односи со Арамејците, а освен тоа градот беше во долина што се тегнеше кон Вет-Реов. Потоа пак изградија град и се населија во него.