Судии 16:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Филистејските кнезови дојдоа при неа и и рекоа: „Заведи го и научи каде стои неговата голема сила, за да можеме да го совладаме па да го врзиме и да го направиме немоќен. А секој од нас ќе ти даде по илјада и сто сребрени сикли.”

6. Делила го праша Самсона: „Кажи ми каде стои твојата голема сила и со што треба да бидеш врзан, за да бидеш совладан.”

7. Самсон и рече: „Ако ме врзат со седум свежи, уште неосушени, жили од лак, ќе станам бессилен и ќе бидам како обичниот човек.”

8. Филистејските кнезови и донесоа на Делила седум свежи уште неосушени жили, и таа го врза со нив.

Судии 16