Судии 16:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Оттаму Самсон отиде во Газа; таму виде блудница и влезе при неа.

2. На жителите на Газа им јавија: „Самсон дојде тука!” Го опкружија и го дебнеа цела ноќ при градската врата. Сета ноќ беа притаени. „Да почекаме до зорите - мислеа - па ќе го убиеме.”

3. Но Самсон лежеше само до полноќ, а на полноќ стана, ја грабна градската врата со двата довратника, ги истрга заедно со лостот, ги стави на раменици и ги однесе на врвот на гората што е спроти Хеврон и ги положи таму.

4. Потоа тој се вљуби во една жена од долината на Сорик, по ме Делила.

Судии 16