Судии 15:18-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Бидејќи беше многу ожеднет, извика кон Господа: „Ти ја извојува оваа голема победа со рацете на Твојот слуга, а зар сега треба да умрам од жед и да им паднам во рацете на необрезаните?”

19. Тогаш Господ ја расече вдлабоченоста што е кај Лехиј, и вода потече од неа. Самсон се напи, и му се врати силата, духот му оживе. Затоа на тој извор му го дадоа името Ен-Акоре(Извор на Оној Кој Повикува), а кој е уште и денес во Лехиј.

20. Самсон беше судија во Израел, за време на филистејското владеење, дваесет години.

Судии 15