1. Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за четириесет години.
2. А беше некој човек од Сараја, од Дановото племе, по име Маној. Жена му беше неротка и немаше деца.
3. На таа жена и се јави Господов Ангел и и рече: „Ти си неплодна и немаш раѓано.
4. Но отсега внимавај: да не пиеш ни вино ни жестоки пијалаци, и да не јадеш ништо нечисто.