Судии 12:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Потоа умре Авесан, и го погребаа во Витлеем.

11. По него судија во Израел беше Завулонецот Елон. Тој му судеше на Израел десет години.

12. Потоа умре Завулонецот Елон, и го погребаа во Ајалон во Завулоновата Земја.

13. По него судија во Израел беше Авдон, синот Елилов од Фаратон.

14. Тој имаше четриесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет ослиња. Тој му судеше на Израел осум години.

15. Потоа почина Авдон, синот Елилов од Фаратон, и го погребаа во Фаратон во Ефремовата Земја, во Амаликовата Гора.

Судии 12