1. Тогаш се собраа луѓе од Ефремовото племе, го поминаа Јордан при патот кон Сафон и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во бој против Амонците, а нас не нè повика да дојдеме со тебе? Ќе ти ја изгориме куќата заедно со тебе!”
2. Јефтај им одговори: „Имавме голем спор, јас и мојот народ, и Амонците нè угнетуваа тешко. Ве повикав на помош, но вие не ме избавивте од нивните раце.
3. Гледајќи дека нема кој да ме спаси, го ставив животот на жрепка, отидов сам против Амонците, и Господ ми ги предаде во рацете. И така, зошто тргнавте денес да војувате против мене?”
4. Тогаш Јефтај ги собра сите Галадци и удри на Ефрема. Галадците го поразија Ефрема, зашто овие зборуваа: „Вие сте, Галадци, Ефремови бегалци, кои живеевте среде Ефрема и Манасија.”