Судии 11:29-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Господов Дух дојде на Јефтај, па тој помина низ Галадовото и низ Манасиевото племе, помина низ Галадска Миспа, а од Галадската Миспа дојде зад Амонците.

30. И Јефтај Му се заветува на Господа: „Ако ми ги предадеш Амонците во раце,

31. првиот кој ќе излезе низ вратата на мојата куќа за да ме пресретне, кога ќе се враќам како победник од бојот со Амонците, ќе биде Господов, и него ќе го принесам како паленица.”

32. Јефтај тргна против Амонците за да ги нападне, и Господ ги предаде во неговите раце.

Судии 11