Судии 11:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Господ, Израелевиот Бог, ги предаде Сиона и сета негова војска во рацете на Израел, кој ги порази; та Израел ја завладеа сета земја на Аморејците, кои го населуваа тоа подрачје.

22. Така ја завладеа сета земја на Аморејците од Арнон до Јавок, и од пустината до Јордан.

23. И сега кога Господ, Израелевиот Бог, ги протера Аморејците пред Својот народ Израел, ти би сакал да нè избркаш?

24. Зар не е твое она што твојот бог Хемос им го одзеде на старите сопственици? Така и сè она што Господ, нашиот Бог, им го одзеде на старите сопственици, ние го имаме сега во сопственост!

Судии 11