Судии 11:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Но Сион не го пушти Израел да помине преку неговото подрачје, туку ја собра сета своја војска, што беше влогорена во Јаса и зафати бој со Израел.

21. Господ, Израелевиот Бог, ги предаде Сиона и сета негова војска во рацете на Израел, кој ги порази; та Израел ја завладеа сета земја на Аморејците, кои го населуваа тоа подрачје.

22. Така ја завладеа сета земја на Аморејците од Арнон до Јавок, и од пустината до Јордан.

23. И сега кога Господ, Израелевиот Бог, ги протера Аморејците пред Својот народ Израел, ти би сакал да нè избркаш?

Судии 11