Судии 11:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тогаш Јефтај му испрати пратеници на царот на Амонците со порака: „Што има меѓу тебе и мене па си дошол да војуваш против мојата земја?”

13. Царот на Амонците им одговори на Јефтаевите посланици: „Во времето кога излегуваше од Египет, Израел ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и до Јордан. Затоа сега врати ми ја доброволно!”

14. Јефтај повторно му испрати пратеници на царот на Амонците,

15. и му порача: „Вака зборува Јефтај: ‘Израел не зеде ни моавска ни амонска земја,

16. туку, откако излезе од Египет, Израел помина преку пустината до Црвеното Море и дојде до Кадис.

Судии 11