1. Галадецот Јефтај беше храбар војник. Блудница го роди, а татко му беше Галад.
2. Но на Галад и на неговата жена им се родија синови, па кога пораснаа синовите на жената, го избркаа Јефтаја, велејќи му: „Не ќе добиеш наследство од нашиот татко, зашто си син на жена туѓинка.”
3. Затоа Јефтај побегна од своите браќа и се насели во земјата Тов. Таму, околу него се собра група бескуќници, кои пљачкосуваа со него.
4. По некое време Амонците завојуваа против Израел.
5. Кога Амонците го нападнаа Израел, галадските старешини тргнаа да го бараат Јефтаја во земјата Тов.
6. ”Дојди - му рекоа - биди ни војвода, да војуваме против Амонците.”
7. Но Јефтај им одговори на галадските старешини: „Нели вие ме мразевте и нели ме изгонивте од куќата на татка ми? Зошто доаѓате сега при мене, а кога сте во неволја?”