Судии 1:28-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Кога Израел зајакна, им наметна данок на Ханаанците, но не можеше да ги истера.

29. Ни Ефрем не ги истера Ханаанците, кои живееја во Гезер, така што тие Ханаанци живееја тука меѓу нив.

30. Завулон не ги истера жителите на Китрон ни жителите на Налол. Така Ханаанците останаа среде Завулоновите синови, но им беше наметнат данок.

31. Ни Асир не ги изгони жителите на Акон, ни жителите на Сидон, ни оние од Алав, ни од Ахазив, ни од Халва, ни од Афика, ни од Реова.

32. Така Асирците останаа меѓу Ханаанците, жителите на таа земја, зашто не ги истераа.

Судии 1