Судии 1:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. И Јосифовото племе тргна против Ветил, и Господ беше со нив.

23. И Јосифовото племе почна да го согледува Ветил. Градот беше викан некогаш Луз.

24. Согледувачите забележија човек како излегува од градот и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, па ќе ти бидеме милостиви.”

25. Тој им го покажа влезот во градот. И исекоа сè со меч во градот, а оној човек го пуштија да си отиде со сето негово семејство.

26. Човекот отиде во земјата на Хетејците, и таму изгради град и го нарече Луз. Така се вика уште и денес.

Судии 1