Софонија 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко му на непокорниот, на нечистиот град и на насилничкиот град!

2. Тој никогаш не чу повик, никогаш не прифати поправка; тој никогаш не Му се довери на Господа; никогаш не Му се приближи на Својот Бог.

3. Неговите кнезови се сред него - лавови кои рикаат; неговите судии - се вечерни волци, кои не оставаат ниедна коска до утрото,

4. неговите пророци се лекомислени, вистински лажливци, неговите свештеници го обесветуваат Светилиштето, го кршат Законот.

Софонија 3