1. Соберете се, соберете се, народе бесрамен,
2. пред да бидете протерани како плева што се распрснува во ден, пред да стигнат на вас Господовиот пламен и гнев, пред да стигне на вас денот на Господовиот гнев.
3. Барајте Го Господа, сите скромни на земјата, сите кои ги извршувате Неговите закони! Барајте ја правдата, барајте ја смиреноста: можеби вие ќе бидете заштитени во денот на Господовиот гнев.