Софонија 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господово слово упатено до Софонија, синот Хусиев, син на Годолиј, син на Амариј, син Езекиин, во деновите на Јосиј синот Амонов, јудејски цар.

2. „Да, сè ќе избришам од лицето на земјата - говори Господ!

3. Ќе ги уништам луѓето и ѕверовите, небесните птици и морските риби, соблазните идоли со безбожниците, ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата - говори Господ!

4. Ќе подигнам рака на Јуда и на сите жители на Ерусалим и ќе го истребам од ова место Вааловиот остаток, и името на паганските свештеници заедно со израелевите свештеници;

Софонија 1