14. Тогаш жените и рекоа на Ноемина: „Благословен да биде Господ, Кој денес не те остави без наследник! И да го прослави неговото име во Израел!
15. Тој ќе биде твоја утеха и поткрепа во твојата старост; зашто го роди твојата снаа која те љуби и која ти вреди повеќе од седум синови.”
16. Ноемина го зеде детенцето, го стави на своето крило и му беше воспитачка.
17. Соседите му дадоа име, говорејќи: „& се роди син на Ноемина!” И го нарекоа Овид; тој е татко на Есеј, Давидовиот татко.
18. А ова е Фаресовото родословие: Фарес имаше син Есром,
19. Есром син Арам, Арам син: Аминадав,
20. Аминадав син: Насон, Насон син: Салмон,
21. Салмон син: Воз, Воз син Овид,
22. Овид син Есеј, а Есеј син: Давид.