13. Таа презеде: „Кога би можела секогаш да наоѓам милост во твоите очи, господару, зашто ме утеши и и проговори од срце на својата слугинка, иако не сум како некоја од твоите слугинки.”
14. Кога беше време за ручек, Воз и рече: „Дојди ваму, јади од овој леб и топи го твојот залак во оцет!” Таа седна покрај жетварите, а тој стави пред неа пржени зрна. Јадеше и се насити, и уште и остана.
15. Кога стана да доприбира натаму Воз им заповеда на своите слуги: „Таа нека доприбира и меѓу сноповите, а вие немојте да ја навредувате.
16. Туку испуштајте класови и од своите ракатки, и оставајте ја нека собира и не и бранете!”